Ali H. M.Abo Rezeg
21 Ноември 2018•Ажурирај: 22 Ноември 2018
ЕРУСАЛИМ (AA) – Израелската Војска денес на подрачјето на окупираниот Западен Брег го приведе палестинскиот парламентарец Ахмед Атун, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван очевидец за АА рече дека израелската Војска извршила претрес на семејната куќа на Атун, во градот Ал-Бира, а потоа го лишила од слобода.
Во текот на претресот израелската Војска запленила телефони и компјутери од куќата.
Атун на последните парламентарни избори во Палестина од редот на Хамас е избран за член на Законодавниот совет од изборната единица во Ерусалим.
Израел во 2011 година го депортираше Атун во Рамала.
Паралелно со тоа, израелските сили во текот на изминатата ноќ извршија претреси во повеќе објекти на Западен Брег и од слобода лишија уште најмалку деветмина Палестинци.
Гласноговорништвото на израелската Војска соопшти дека уапсените се товарат за наводна вмешаност во терористички активности.
Според податоците на палестинските институции, во израелските затвори има околу 6.500 Палестинци. Меѓу нив се наоѓаат стотици жени, малолетници и десетици политичари.