свет

Околу 85.000 деца под 5-годишна возраст во Јемен починаа од глад

Во периодот помеѓу април 2015 и октомври 2018 година, околу 84.701 дете помали од 5 години починале како резултат на акутна неухранетост или глад.

Rabia İclal Turan  | 21.11.2018 - Обновена : 22.11.2018
Околу 85.000 деца под 5-годишна возраст во Јемен починаа од глад

Ankara

АНКАРА (АА) - Околу 85.000 деца под 5-годишна возраст се изгладнети до смрт од почетокот на војната во Јемен, јавува Anadolu Agency (AA).

Групата за човекови права „Save the Children“ (Спасете ги децата) денес соопшти, користејќи ги податоците собрани од Обединетите нации (ОН), дека во периодот помеѓу април 2015 и октомври 2018 година, околу 84.701 дете помали од 5 години починале како резултат на акутна неухранетост или глад.

ОН предупредија дека 14 милиони лица се наоѓаат во опасност од глад, кој, како што истакнува групата, се раширила во големи размери откако коалицијата предводена од Саудиска Арабија и Емиратите наметна едномесечна блокада на Јемен, пред околу една година.

Организацијата истакнува дека оттогаш, комерцијалниот увоз на храна преку јеменскиот главен аеродром во Худејда се намалил за над 55.000 метрички тони месечно.

Исто така, организацијата предупредува дека секое понатамошно намалување на увозот може да доведе директно до појава на глад.

Тамер Киролос, раководител на организацијата „Save the Children“ во Јемен, истакна дека тие се ужаснати од бројот на деца кои можеби починале поради екстремна глад.

„За секое едно дете убиено од бомби и куршуми, десетици изгладнуваат до смрт“, истакна Киролос.

„Децата кои умираат на овој начин страдаат многу, бидејќи функциите на нивните витални органи забавуваат и на крајот престануваат. Нивниот имун систем е толку слаб што се повеќе склони на инфекции, а некои дури се толку изнемоштени што не можат да пуштат ниту солза. Родителите се сведоци и гледаат како ги губат своите деца без да можат да сторат нешто“, додаде тој.

Судирите, блокадите и бирократијата во Худејда ја принудија организацијата да ги транспортира средствата за основните потреби за северниот дел на земјата преку пристаништето во Аден на југот.

Според ОН, Јемен е средиште на најлошата хуманитарна криза во светот, а како што судирите во земјата влегуваат во четвртата година, околу 14 милиони луѓе во Јемен, или половина од вкупната полулација во земјата, се под ризик од глад.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın