Büşra Nur Bilgiç
28 Март 2019•Ажурирај: 30 Март 2019
БРИСЕЛ (АА) - Мандатот на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, продолжен е до 2022 година, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сојузниците на НАТО се согласија денеска да продолжат мандатот на генералниот секретар Јенс Столтенберг до 30 септември 2022 година", пишува во објавеното соопштение на официјалната веб-страницата на НАТО.
Во соопштението се наведува дека сојузниците ја изразија својата поддршка за работата на генералниот секретар за прилагодување и модернизација на НАТО.
Информацијата ја потврди и генералниот секретар Столтенберг на својот Твитер профил.
„Почестен сум со одлуката на сојузниците на НАТО да го продолжат мојот мандат на генерален секретар до 30 септември 2022 година", напиша Столтенберг и додаде:
„Заедно ќе продолжиме да се прилагодуваме и да го осовременуваме нашиот Сојуз за да биде во согласност со иднината."
Столтенберг беше премиер на Норвешка помеѓу 2000-2001 и 2005-2013 година. Тој беше назначен за генерален секретар на НАТО во 2014 година.