Yusuf Özcan
07 Декември 2017•Ажурирај: 07 Декември 2017
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека не ја поддржува одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, со која Ерусалим официјално го призна за главен град на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
„Франција не ја поддржува одлуката на Трамп“, изјави францускиот претседател за новинарите за време на посетата на Алжир.
Тој нагласи дека таквата одлука е спротивна на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации (ОН).
„Ова е жална одлука која Франција не ја признава“, додаде Макрон, напоменувајќи дека со статусот на Ерусалим е засегната целата меѓународна заедница.
Тој објасни дека статусот на Ерусалим треба да го одредат Израел и Палестина под покровителство на ОН.
Да потсетиме, Трамп денес изјави дека е дојдено време Ерусалим официјално да биде признаен како главен град на Израел. Тој, исто така, нагласи дека веќе ѝ наредил на американската администрација да започне со подготовките за преместување на амбасадата на САД во Ерусалим.