Gülşen Topçu
25 Јули 2021•Ажурирај: 26 Јули 2021
КУДС (АА) - Францускиот претседател, Емануел Макрон, побара официјално објаснување од израелскиот премиер, Нафтали Бенет, за шпионскиот софтвер „Пегасус“, развиен од израелската Групација НСО, во вчерашниот телефонски разговор, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Израелскиот „Канал 12“ соопшти дека Макрон изразил загриженост во врска со наводите дека неговиот мобилен телефон, како и на други претставници на француската Влада, биле компромитирани. Бенет вети дека ќе биде започната истрага на највисоко ниво, нагласувајќи дека инцидентот се случил пред да ја преземе функцијата.
Се тврди дека најмалку 10 влади - меѓу кои владите на Бахреин, Казахстан, Мексико, Мароко, Азербејџан, Унгарија, Индија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) - биле клиенти на Групацијата НСО, а шпионскиот софтвер бил користел за следење на активисти, новинари, адвокати и политичари.
Шпионскиот софтвер, наводно, може да го претвори телефонот во уред за надзор во кој може да се пристапи до пораките, камерата, аудиозаписите и апликациите.