Yusuf Özcan
03 Декември 2019•Ажурирај: 04 Декември 2019
ПАРИЗ (АА) - Претседателот на Франција, Емануел Макрон, истакна дека треба да се отстранат сите неисвесноти во сириското прашање, и дека постои волја оти борната против ДЕАШ и против тероризмот е приоритет, јавува Агенција Анадолија (АА).
Макрон даде изјава за медиумите по Четирилатералниот самит за Сирија одржан во Лондон со учество на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Борис Џонсон и германската канцеларка Ангела Меркел.
„Треба да се отстранат сите неизвесности (во сириското прашање). Постои волја дека борбата против ДЕАШ и против тероризмот е приоритет. Тоа е важно за мене“, рече Макрон, додавајќи дека треба да продолжи соработката во врска со бегалците.
Францускиот претседател нагласи дека постои усогласување меѓу лидерите оти треба да продолжат работите за ставање крај на сириската криза.
Според него, на самитот разговарале и за либиското прашање, додека рече тој, во оваа насока важни се интересите на грчката администрација на Јужен Кипар.
Запрашан за односите со Ердоган, Макрон истакна: „Имав прилика дирекно да се сретнам со него. Имам почит кон секого. Немате слушанато дека сум се однесувал со непочитување кон некого. Секој ја зема својата одговорност. Сметам дека Турција е голема земја. Имам длабока почит кон турскиот народ“.
Макрон истакна дека постојат прашања за кои не постои согласност во врска со Турција, и дека овој состанок била причина за постигнување напредок во сириското прашање.
Тој нагласи дека постои несогласување со Турција во врска со ЈПГ, и додаде: „Не постои неизвесност во врска со ПКК. Франција (припадниците на ПКК) ги смета за терористи, ги осудува и ги суди“.
„Не можеме целосно да ги прифатиме како терористи. (Претседателот Ердоган) Не се согласува со тоа. Ова несогласување не беше отстрането денес“, рече Макрон укажувајќи на припадниците на ЈПГ.
„Загрижени сме за безбедноста на турските територии. Но, не сакаме да заборавиме кој води борба против ДЕАШ“, додаде францускиот претседател.