Erbil Başay
03 Декември 2019•Ажурирај: 04 Декември 2019
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел во врска со Четирилатералниот самит за Сирија истакна дека имале добра и корисна средба, јавува Агенција Анадолија (АА).
Меркел даде изјава за медиумите по Четирилатералниот самит за Сирија одржан во Лондон со учество на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Борис Џонсон и германската канцеларка Ангела Меркел.
Германската канцеларка нагласи дека главна тема на разговорите на овој самит била состојбата во Сирија.
„Се согласивме за продолжување и комплетирање на борбата против ДЕАШ. Ќе продолжиме да бидеме во контакт во врска со тоа“, рече Меркел.
Истакна дека сакаат активно да ги поддржуваат напорите на Geir Pedersen, специјален претставник на ОН за Сирија, за политичкиот процес.
Германската канцеларка нагласи дека доброволното враќање на сириските бегалци во зоната каде безбедноста е осигурана од страна на Турција и Русија, може да се случи само со учество на ОН, и дека ќе продолжат преговорите во оваа насока.
Германската канцеларка истакна дека на самитот разговарале и за либиското прашање, и додаде: „Во оваа насока беше ценет Берлинскиот процес. Треба да се продолжи со работа во овој формат и имаме потреба од итно примирје во Либија.“.
„Имавме добра и корисна средба, кој сметам дека може да биде почетокот на еден долг консултативен процес. Денес времето беше многу кратко за тоа“, рече Меркел во врска со овој самит.