Ferdi Türkten
03 Декември 2019•Ажурирај: 04 Декември 2019
ЛОНДОН (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека Четирилатералниот самит за Сирија помина сосема добро, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Лондон се одржа Четирилатерален самит за Сирија со учество на турскиот претседател Ердоган, претседателот на Франција, Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел и британскиот премиер Борис Џонсон.
Самитот се одржа во кабинетот на британскиот премиер, траеше околу 50 минути и беше затворен за медиумите.
Запрашан да коментира во врска со самитот на излегување од кабинетот на британскиот премиер, Ердоган одговори: „Помина сосема добро“.
Ердоган на состанокот беше придружуван од турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу; министерот за трезор и финансии, Берат Албајрак; министерот за национална одбрана, Хулуси Акар; шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун; претседателот на Турската разузнавачка служба (МИТ), Хакан Фидан, како и портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин.