Ali Cura
15 Август 2020•Ажурирај: 15 Август 2020
МИНСК (АА) - Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Лукашенко и Путин разговарале за случувањата во Белорусија и регионот, јави новинската агенција „Белта“.
Пред претседателските избори во Белорусија, безбедносните сили фатија 33 платеници на руската безбедносна компанија „Вагнер“.
Минатата недела, по соопштувањето на резултатите од претседателските избори на кои победи Лукашенко, во земјата започнаа повеќедневни протести.
Синоќа Белорусија екстрадира 32 од 33 платеници во Русија, додека едно лице е задржано затоа што е државјанин на Белорусија.