Esra Hacioğlu
15 Август 2020•Ажурирај: 17 Август 2020
ЏАРАБЛУС (АА) - ЕСРА ХАЏИОГЛУ -
Единаесетчлено семејство, кое пред осум месеци избега од нападите на сирискиот режим и руските сили во Џарабулус, Сирија, живее во платнен шатор од девет квадратни метри, кој нема ниту врата.
Интензивираните напади на режимската војска и руските сили врз Идлиб во декември 2019 година го принудија семејството Ал Хаџ да пребега во подрачјето на Џарабулус, кое беше ослободено со турската операцијата „Штитот на Еуфрат“ од терористите на ДЕАШ.
Мерјем ал Хаџ за Агенција Анадолија (АА) ја раскажа тешката судбина што ја снајде нејзе и нејзиниот сопруг, седумте деца и двете внучиња.
Зимата ја минале во платнен шатор во кој немале ниту греалка.

„Успеавме да избегаме и да се спасиме од нападите во Идлиб, но и тука се бориме за живот“, рече Ал Хаџ.
Таа раскажа дека во летните месеци, поради екстремно високите температури на воздухот, не можат да седат во шаторот, па времето го минуваат во куќата на соседите.
„Навечер се плашиме од темнината. Иако ја палиме ламбата кои ни ја подарија луѓе со добро срце за да го осветлиме шаторот, ноќта ја минуваме во страв од опасност затоа што немаме ниту врата на шаторот“, рече таа.
Додаде дека немаат кујна поради што храната мора да подготвуваат кај соседите.
„Но, повторно, фала му на Бога за сè, секој ден се молам повторно да се вратиме во нашиот дом и да живееме во мир“, рече Ал Хаџ.