Gökhan Kurtaran
22 Март 2017•Ажурирај: 22 Март 2017
ЛОНДОН (AA) - Непознато лице или група лица отвори оган во близина на парламентот на Лондон, а во парламентот е избоден полицаец, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата на Лондон соопшти дека според првичните информации денешниот случај го третира како терористички напад.
Во соопштението на болницата "Sir Thomas" се наведува дека едно женско лице загина.
Потсетуваме, британската полиција претходно соопшти дека непознато лице или група од неколку лица во близина на парламентот отвори оган. Очевидците тврдат дека оганот е отворен на цивили во близина на парламентот.
Истовремено, во британскиот парламент е отворен оган, а еден напаѓач со нож нанесе повреди на полицаецот во рамките на зградата.
Лидерот на Долниот Парламент Дејвид Лидингтон ја потврди информацијата дека полицаец е избоден во парламентот. Освен тоа, ранети се најмалку две лица.
Преземени се високи безбедносни мерки, а мостот Вестминстер и метро станицата се затворени. Во тек е евакуацијата на луѓето од Парламентот.