Напад во Лондон: Полицаец во парламентот ранет со нож
Во близина на британскиот Парламент, непознато лице или лица отвориле оган, а еден полицаец во Парламентот бил ранет со нож
Gökhan Kurtaran
22 Март 2017•Ажурирај: 22 Март 2017
London
ЛОНДОН (АА) - Во близина на британскиот Парламент, непознато лице или лица отвориле оган, а еден полицаец во Парламентот бил ранет со нож, јавува Anadolu Agency (AA).
Британската полиција соопшти дека во близина на Парламентот, непознато лице или лица отвориле оган.
Очевидците изјавија дека во близина на Парламентот било пукано врз цивили.
Истовремено, во британскиот Парламент бил извршен втор напад, каде што еден напаѓач со нож ранил полицаец.
Претседавачот со Долниот дом, Дејвид Лидингтон потврди дека во Парламентот бил ранет еден полицаец.
Се соопштува дека во подрачјето се ранети најмалку две лица.
Додека целото подрачје е ставено под полициска контрола, затворени се мостот Вестминистер и метро станицата.
За време на настанот, во британскиот Парламент се одвивала седница на која присуствувале и новинари на АА, кои информираа дека никому не му било дозволено да излезе од Парламентот.
Напад во Лондон: Полицаец во парламентот ранет со нож