Bahattin Gönültaş
22 Март 2017•Ажурирај: 23 Март 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, побара од германската канцеларка Ангела Меркел поголем придонес во организација на НАТО, ставајќи ги повторно на дневен ред трошоците за одбрана на земјите-членки на НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Ажурирајќи ги податоците поврзани со трошоците на НАТО, дописникот на АА дојде до следниот заклучок. САД, кои се најголемата економија во светот, минатата година за одбрана потрошиле вкупно 664 милијарди, што е за 2,5 пати повеќе од вкупните трошоци на останатите 27 земји-членки на НАТО. Буџетот на алијансата минатата година изнесуваше 921,5 милијарди долари, од кои 72 отсто ги покрија САД.
Британија со 57 милијарди долари е втора земја во алијансата според трошоците за одбрана, додека Франција се наоѓа на третото место, со 44,2 милијарди долари. Германија е на четвртото место, со 42 милијарди долари.
Турција се наоѓа на 8 место, со 12,1 милијарда долари трошоци за одбрана во НАТО.

- Критериумот од најмалку 2 отсто го исполнија само 5 земји -
Во рамките на мултинационалниот буџет за одбрана на НАТО (сопствени буџети на земјите-членки), потребно е земјите-членки да издвојат најмалку 2 отсто од годишниот национален приход за трошоци за одбрана. Оваа обврска на земјите-членки на НАТО ја исполнија само САД, Полска, Грција, Британија и Естонија.
САД се најде на врвот на листата според трошоците за одбрана, со 3,61 отсто од вкупниот национален приход, следува Грција со 2,36 отсто, а Естонија потроши средства за одбрана во висина од 2,18 отсто. Британија издвои 2,17 отсто, додека Полска за одбрана потроши средства во висина од 2,01 отсто од националните приходи.
Минатата година, Франција за одбрана потроши 1,79 од националниот приход, додека Турција потроши 1,69 отсто.
- Од Германија е побаран поголем придонес -
Трамп од Германија, која минатата година за одбрана потроши 1,20 отсто, побара поголем придонес за НАТО, додека Италија, која е една од важните економии на Европа, за одбрана потроши 1,11 отсто.
САД продолжуваат со својот притисок врз земјите-членки на НАТО за трошоците во одбраната и по изборот на Трамп за нов претседател на САД. На Самитот на НАТО во 2014 година беше усвоено земјите-членки на алијансата до 2024 година, за одбрана годишно да трошат најмалку 2 отсто од националниот приход.
Претседателот на турскиот Институт „21. век“, Џахит Армаган Дилек, за АА ја даде следната процена за трошоците за одбраната на земјите-членки на НАТО.
Дилек смета дека квалификацијата на Трамп дека 'НАТО е застарен' го претставува односот на САД кон другите земји-членки на алијансата, размислувајќи за иднината на алијансата и за американските интереси. Дилек истакна дека непоимливо е претседателот на САД да го жртвува НАТО.
„НАТО е една од најзначајните политички проекти на САД на глобално ниво. Затоа САД од самиот почеток, па досега, ги покрива најзначајните трошоци. Како што е НАТО најзначајна алатка на САД за учество во развојот на настаните во Европа, тие ја користат НАТО како една од своите најклучни алатки и на глобално ниво против своите противници, како што се Русија и Кина. Во тој поглед, САД и нивниот претседател Трамп ќе продолжат со притисоците врз земјите од Европа за исполнување на нивниот долг кон алијансата. Руската закана што се појави на линијата Северна Европа – Црно Море, само ги зацврстува САД по ова прашање, бидејќи доколку земјите-членки на НАТО не ја дадат потребната поддршка, постои веројатност тие да не ја добијат посакуваната поддршка од САД“, вели Дилек.