İnci Gündağ
26 Јуни 2017•Ажурирај: 27 Јуни 2017
ЛОНДОН (AA) – Ширум Велика Британија денеска е оддадена почест на страданите на минатонеделниот терористички исламофобичен напад кој се случи пред џамијата Финсбури Парк на северот на Лондон, јавува Anadolu Agency (AA).
Централната церемонија на оддавање на почест се одржа во зградата на општината Ислингтон, а присуствуваче општинскиот советник од Лабуристичка партија Ричард Ватс, како и претседателот на извршниот одбор на џематот на џамијата Финсубри Парк Туфик Кајими и претседателот на истоимената фондација Мухамед Козбар.
Ватс изјави дека нападот на верниците по терави намазот беше стравичен варварски чин.
„Се солидаризираме со муслиманската заедница. Мораме да останеме исправени на нозе и меѓусебно да се поддржуваме. Терористите нема да може да не поделат", порача Ватс.
Многумина граѓани пред зградата а општината положија венци и летоци со пораки на поддршка на страданите и нивните семејства.
Британскиот државјанин Дарен Осборн (47) на 18. јуни во изнајмен камионет удри во група верници кои ја напуштаа џамијата Финсбури Парк. Во таа прилика загина 51. годишник Макрам Али, а повредени се 10 лица.