Ahmet Gürhan Kartal
03 Мај 2018•Ажурирај: 03 Мај 2018
ЛОНДОН (АА) - Најмалку 30 лица се повредени во експлозија која синоќа се случи за време на церемонијата за одбележување на еврејски празник во северниот дел на Лондон, пренесува Anadolu Agency (AA).
Експлозијата се случила кога рабинот се обидел да го запали симболичниот оган на прославата на еврејскиот празник Лаг баОмер во Стамфорд Хил.
Аматерските снимки поставени на социјалните мрежи го прикажуваат моментот на несреќата, а медиумската куќа „Јешива Њус“ („Yeshiva News“) јавува дека причина за експлозијата е најверојатно стар мобилен телефон кој по несреќен случај завршил на местото предвидено за симболичната клада.
Локалната полиција соопшти дека најмалку десет лица се здобиле со изгореници на телото.
Локалните медуми јавуваат дека најмалку уште 20 лица се повредени во стампедото кое настанало кога насобраните лица во паника се обидувале да побегнат од местото на несреќата.
Полицијата соопшти дека нема назнаки оти се работи за криминален акт и дека нема лица што се во животна опасност.