Safvan Allahverdi
03 Мај 2018•Ажурирај: 03 Мај 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Транспортен авион на американската Национална гарда се сруши синоќа на подрачјето на сојузната американска држава Џорџија, а во несреќата загинаа сите девет лица кои биле во авионот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сите девет членови на посадата загинаа, но нивниот идентитет ќе го објавиме откако ќе ги известиме нивните семејства за несреќата“, соопшти бригадирот на американските воздушни сили, Исабело Ривера.
Авионот се сруши на фреквентен автопат недалку од меѓународниот аеродром „Савана Хилтон Хед“.
Локалната полиција соопшти дека авионот при падот не удрил во возилата на автопатот.
Станува збор за авион од типот „C-130“, кој се сруши за време на редовната вежба на летање.
Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер (Twitter) изрази сочуство до семејствата на настраданите во несреќата.
Истражувањето на причината за несреќата е во тек.