İlkay Güder
03 Мај 2018•Ажурирај: 04 Мај 2018
СЕУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Сеул се состана со Корејката Еунџу Ким, 73-годишната вистинска хероина од филмот „Ајла“, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган ја прими Еунџу во хотелот во Сеул, каде што престојува во текот на официјалната посета на Јужна Кореја.

Драмата на режисерот Кан Улкај, „Ајла“, беше турски кандидат за „Оскар“ во конкуренција за најдобар странски филм. Станува збор за филм кој се базира на вистинска приказна за турски ветеран од Корејската војна од 1950-тите години.
Тој наоѓа премрзнато девојче на умирање и тајно го носи во базата. Иако јазичната бариера не дозволува комуникација, тие двајца брзо се зближуваат.
Разделбата тешко им паѓа кога турскиот војник-ветеран се враќа во татковината, но повторно се среќаваат по шест децении.