Enes Canlı
11 Јуни 2020•Ажурирај: 12 Јуни 2020
ТРИПОЛИ
Со барање на Владата на Либија и со цел осигурување на безбедното враќање на цивилите во своите домови, Турските вооружени сили (ТСК) започнаа со чистење на експлозивите и мините поставени како замка од страна на милитантите на лидерот на илегалните сили во источниот дел на Либија, Калифа Хафтар, за време на повлекувањето од цивилните населени места, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во детонирањето на експлозивните направи по ослободувањето на цивилните населени места од милитантите на Хафтар, учествуваат експерти на копнени, поморски и воздухопловни сили на Турција, специјални сили и експерти на подморски сили, кои имаат за цел осигирување на безбедноста во текот на враќањето на цивилите во своите домови, истакнаа безбедносните извори.

За време на елиминирањето на експлозивите, тимовите на ТСК употребуваат заштитна облека, модерна опрема, роботски системи, технологии произведени од страна на Турција и техничко искуство на терен.
Според либиската Влада, досега 27 цивили загинале и 40 се повредени како резултат на експлодирање на мините поставени од страна на милитантите на Хафтар за време на повлекувањето на цивилните населени места.

Владата на Либија признаена од страна на Обединетите нации (ОН), од април 2019 година беше таргетирана од страна на силите на Хафтар.
Последно, либиската Војска ја презеде контролата врз повеќе региони и стратешки точки во земјата.