Ekip
11 Јуни 2020•Ажурирај: 12 Јуни 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа се потврдени 53 нови смртни случаи поврзни со коронавирусот (Ковид-19), а регистирани се 379 нови случаи на заразување со коронавирусот, соопшти Цивилната заштита, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Денешните бројки кои ги објави Цивилната заштита на Италија покажуваат дека дошло до пораст на бројот на новозаразените во однос на вчера кога имало 202. Со новите 379 случаи на заразување вкупната бројка на досега потврдени случаи на Ковид-19 порасна на 236.142. Во однос на вчерашниот ден, кога починале 71 лице, во последните 24 часа дојде до пад, бидејќи се потврдени 53 нови смртни случаи, со што вкупниот број достигнал 34.167.
Од Цивилната заштита наведуваат дека моментално бројот на активни случаи изнесува 30.637, што е намалување од 1.073 пациенти во однос на претходниот ден. Меѓу моментално заболените 236 се лекуваат на интензивна нега, 4.131 лиса се хоспитализирани со симптоми, а 26.270 се во изолација или со благи симптоми.
Вкупната бројка на излекувани порасна на 171.338, после што во последните 24 часа од болниците се отпуштени 1.399 лица.