Duygu Yener
11 Јуни 2020•Ажурирај: 11 Јуни 2020
АНКАРА - ДУЈГУ ЈЕНЕР -
Турција на повеќе земји во светот им даде поддршка од медицински материјали поради пандемијата на новиот вид коронаввирус (Ковид-19), додека овој пат својата рака ѝ ја пружи на Венецуела, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА, во рамките на својата хуманитарна нардоврешна политика Турција продолжува да нуди помош во текот на пандемијата на Ковид-19.
Со цел придонесување во борбата на Венецуела против оваа пандемија, заменик министерката за здравство на Турција, Емине Алп Меше и амбасадорот на Венецуела во Анкара, Жосе Грегорио Брачо Рејес, во турскиот главен град Анкара го потпишаа договорот за донации кои се состојат од заштитна опрема и респиратори.
Меше истакна дека Турција има култура за споделување на својот леб со своите пријатели во тешки денови.
Како што рече таа, под водство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Турција доби добри резултати на испитот во периодот на пандемијата преку нудење помош за голем број земји во светот.
Таа рече дека во овие тешки денови уште еднаш се сеќаваат на вредноста на инвестициите направени во овие 18 години во областа на здравството.
Меше изрази задоволство што искуството на Турција ка споделуваат со научниците и функционерите од министерствата на Венецуела.
Меѓу другото, амбасадорот Reyes информираше околу работите кои се реализираат против пандемијата во неговата земја.
Тој упати благодарност до Ердоган и турскиот народ поради нивната поддршка во овие тешки денови за Венецуела.
Според него, меѓу двете земји подготвени се да потпишат договор за соработка во поширока смисла во областа на здравството, а не само за областа на Ковид-19.