Nuri Aydın
11 Јуни 2020•Ажурирај: 12 Јуни 2020
АНКАРА
Бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 7,5 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometer“, досега во светот со Ковид-19 се заразени 7.500.341 лице.
Најмногу случаи се откриени во САД, каде 2.069.973 лица се заразени со овој вирус.
По САД следуваат Бразил со 775.581 откриен случај, Русија со 502.436 откриени случаи, Велика Британија 291.409 откриени случаи, Индија со 290.481 откриен случај, Шпанија со 289.360 откриени случаи, Италија со 235.763 откриени случаи, Перу со 208.823 откриени случаи, Германија со 186.557 откриени слулау и Иран со 180.156 откриени случаи.
Во Турција со Ковид-19 досега се заразени 173.036 лица.
Земјите каде бројката на откриени случаи со Ковид-19 надмина 50.000 се следни:
„Франција (155.136), Чиле (148.496), Мексико (129.184), Пакистан (119.536), Саудиска Арабија (116.021), Канада (97.328), Кина (83.057), Бангладеш (78.052), Катар (75.071), Белгија (59.711), Јужноафриканска Република (55.421) и Белорусија (51.816)“.
Како последица на Ковид-19 во светот починаа 419.974 лица. Во светот од Ковид-19 се излекувани 3.806.942 лица, додека 3.273.425 лица се во процес на лекување.