Bojana Stojanovic
11 Јуни 2020•Ажурирај: 12 Јуни 2020
БЕЛГРАД
Во Србија уште едно лице почина од последиците на коронавирусот (Ковид-19) во изминатите 24 часа, а заразени се уште 71 лице што значи дека денес има 488 активни случаи на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупната бројка на регистрирани случаи на заразување е 12.102.
Од вчера тестирани се 4.932 лица од кои 71 се позитивни на коронавирус.
Во изминатите 24 часа од последиците на коронавирусот почина уште едно лице, со што вкупната бројка на починати порасна на 252. Процентот на смртноста е 2,08 отсто.
На респиратори се 14 пациенти.
Досега на Ковид-19 се тестирани вкупно 291.996 граѓани.