Burak Bir
22 Април 2020•Ажурирај: 24 Април 2020
ТРИПОЛИ (АА) – Министерот за внатрешни работи при Владата за национално единство во Либија, признаена од Обединетите нации (ОН), Фетхи Башага, истакна дека припадници на руска безбедносна компанија, кои се борат во редовите на Калифа Хафтар, користеле хемиски нервен гас, јавува Агенција Анадолија (АА).
На прес-конференцијата одржана во Триполи, Башага рече: „Милицијата поврзана со „Вагнер“ користеше нервен гас против нашите вооружени трупи во регионот Салахадин, јужно од главниот град Триполи.“
„За да се осигура безбедноста на Либија, ние сме во силна соработка со Турција, САД и Велика Британија“, истакна Башага, додавајќи дека за безбедносните прашања сеи помагаат и со Тунис и Алжир.
Наведувајќи дека милициите Кани, поврзани со Калифа Хафтар, водачот на илегалните вооружени сили на истокот на земјата, ги затвориле вентилите за природен гас што ги хранат електраните, Башага подвлече дека милицијата треба да се отстрани од тој регион.
Министерот, истакнувајќи дека вооружените единици на „Вулкан на гневот“ поврзани со Владата за национално единство се вистински херои, рече дека тие ќе придонесат кон создавањето на иднината во Либија.
- Групата „Вагнер“ -
Руската безбедносна компанија „Вагнер“ е позната по активностите на своите платеници во Сирија, Украина, Либија и африканските земји. „Вагнер“, честопати беше споменувана за време на илегалната анексија на Крим од страна на Русија. Присутна е во редовите на Хафтар на првите линии кај Триполи со приближно 1.400 платеници.
- ОАЕ сакаат да продолжи хаосот во Либија -
Осврнувајќи се на улогата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во Либија, министерот Башага рече дека Обединетите Арапски Емирати се закана за националната безбедност на Либија. Тој исто така нагласи: „Обединетите Арапски Емирати сакаат во Либија да продолжи хаосот.“
Додавајќи дека се против сите воени и религиозни диктатури, Башага рече дека во рацете на Хафтар има 20 неконтролирани системи за воздушна одбрана „Панцир“, кои се закана за цивилните авиони.