Enes Canlı
10 Март 2021•Ажурирај: 11 Март 2021
ТРИПОЛИ (АА) – На седницата на Претставничкиот дом одржана во градот Сирт изгласан е Кабинетот на премиерот на Либиското национално единство, Абдулхамид Дибејбе, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претставничкиот дом во Либија ја заклучи тридневната сесија во градот Сирт, 450 километри источно од главниот град, каде што се состанаа претставници од истокот и западот на земјата.
Кабинетот на Дибејбе составен од 26 министри, од Претставничкиот дом доби 132 од 133 учесници, еден беше воздржан.
Говорејќи по седницата, претседателот на Претставничкиот дом, Акиле Салих, рече дека Владата ќе биде валидна сѐ додека не се одржат изборите.
Обраќајќи се пред Парламентот по изгласувањето на довербата, премиерот Дибејбе му се заблагодари на Парламентот за „потпишувањето на историската одлука“, при што рече: „Посакувам да работите со мене во сите фази, да се собереме заедно во Либија и да ја заборавиме омразата.“
Дибејбе истакна дека ќе работат на одржување на изборите на ветениот датум со поддршка на Советот на Претседателството и Врховната изборна комисија на Либија.
Наведувајќи дека државата нема да се подели, Дибејбе рече: „Имам ветување кон вас. Војна повторно не може да има.“
Според мапата на патот на Либискиот форум за политички дијалог организиран под водство на ОН, изборите во земјата ќе се одржат на 24 декември 2021 година.