Hamdi Moussa,Muhammed Semiz
10 Март 2021•Ажурирај: 11 Март 2021
ТРИПОЛИ (АА) - Либиската Влада продолжува да ги открива посмртните останки од масовните гробници во градот Тархуна, 90 километри североисточно од главниот град Триполи, кои зад себе ги оставија нелегитимните милитантни сили предводени од Калифа Хафтар, јавува Агенција Анадолија (АА).
Либиската Влада објави дека е пронајдена уште една масовна гробница.
Абдулазиз ел Џафери од Кабинетот за односи со јавноста на Институтот за барање и утврдување на идентитетот на исчезнатите, изјави дека новата гробница е пронајдена во руралното подрачје Рабита во Тархуна.
Наведувајќи дека сѐ уште не е утврден бројот на телата ексхумирани од гробниците, Џафери изјави дека тимовите за пребарување продолжуваат со својата работа.
Од 2015 година, Либија е поделена меѓу две влади, една на исток и друга на запад, а секоја ја поддржуваат низа милиции.
Според официјалните либиски извори, силите на Хафтар и поврзаните милиции извршија воени злосторства и дела на геноцид во периодот меѓу април 2019 и јуни 2020 година.
Од јуни, по поразот на силите на Хафтар во западна Либија, либиската Влада откри голем број масовни гробници од кои досега се ексхумирани најмалку 110 тела.
Меѓународниот кривичен суд на 22 јуни минатата година соопшти дека Обвинителството добило доверливи информации за масовните гробници.
Припадниците на милицијата „Канијат“, која го поддржува Хафтар, се товарат за вонсудски погубувања на неистомислениците и цивилното население за време на контролата над Тархуна.