Zehra Nur Düz
13 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
ТРИПОЛИ
Либиските сили на Владата на национално единство признаена од Обединетите нации (ОН) денеска ја презедоа контролата врз стратешки град и врз гратчето во близина на главниот град Триполи од милицијата лојална на Калифа Хафтар, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мустафа ал Муџие, портпаролот на воените сили на Владата на национално единство, соопшти дека влегле во центарот на Сорман, град јужно од Триполи, и дека сега е во нивна целосна контрола.
„Силите на Владата во Триполи заплени и оружје и воени возила, меѓу кои и оклопни возила кои припаѓаат на милицијата на Хафтар“, додаде тој.
Според информациите од дописникот на Агенција Анадолија од теренот, подоцна во текот на денот силите на Владата на национално единство го зазеле и градот Сабрата, западно од Триполи.
Силите на Владата на национално единство од минатиот април се под напади на силите на Хафтар, при што загинаа над 1.000 лица. Силите на Владата на 26 март ја започнаа операцијата „Бура на мирот“, со цел да се спротивстават на нападите врз главниот град.
Од соборувањето на либискиот лидер Моамер Гадафи во 2011 година, во Либија се појавија два центри на моќ: првиот - Хафтар во источна Либија, поддржан од Египет и Обединетите Арапски Емирати и вториот - Владата на национално единство со седиште во Триполи, која е меѓународно признаена, како и од Обединетите нации.