Islam Doğru
13 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
ВАШИНГТОН
Бројот на починатите од Ковид-19 во САД во последите 24 часа се зголеми за 1.508, со што вкупниот број на смрт
ни случаи изнесува 22.116, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД се земја најтешко погодена со пандемијата на Ковид-19 во светот, а бројот на заразените и смртни случаи расте од ден на ден.
Според последните податоци на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“ во последните 24 часа бројот на заразени со Ковид-19 се зголеми за 27.607, со што вкупниот број на лица позиивни на новиот тип на коронавирусот изнесува 557.663.
Бројот на смртни случаи е зголемен за 1.508, со што вкупниот број на починати изнесува 22.116.
По САД, земјата во кој е забележан најголем број на заразени е Шпанија со 169.496, а потоа следат Италија со 156.363 и Франција со 133.672 случаи на позитивни на тестот на Ковид-19.
Епицентаот на пандемијата Ковид-19 во САД и понатаму е Њујорк со 190.288 заразени лица, од кои 8.463 случаи се потврдени во последните 24 часа.
По Њујорк, најмногу заразени лица се регистрирани во Њу Џерси и тоа 61.850, по кој следи Масачусетс со 25.475.Во Њујорк се регистрирани 9.385 смртни случаи, во Њу Џерси 2.350 и 1.479 во Мичиген.
Во САД досега е извршено тестирање на 2.816.674 лица, а во последните 24 часа се излекувани 9.761 лица, со што вкупниот број е зголемен на 41.871. Во болниците моментално се наоѓаат 92.523 лица.