Dmitri Chirciu,Ali Cura
13 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
МОСКВА
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во неговата земја се влошува ситуацијата околу новиот тип на коронавирус, Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Путин преку видеолинк одржа состанок со руските официјални претставници за актуелната ситуација околу пандемијата на Ковид-19.
„Гледаме дека ситуацијата секој ден се менува и за жал се влошува. Бројот на заразените секој ден расте, особено се зголемува бројот на оние кои се во критична состојба“, изјави Путин.
Тој нагласи дека е неопходна објективната проценка а епидемијата, како и дека целокупниот здравствен систем во земјата треба да работи како единствен механизам.
Во Русија со Ковид-19 се заразени 18.328 лица, а вкупно 148 лица ги загубија животите.