свет

Либија: Владините сили ги нападнаа положбите на силите на Хафтер

Портпаролот на силите на УМХ, Мухамед Кануну, писмено соопшти дека воените авиони при УМХ извршиле шест воздушни напади врз местата во кои се позиционирани силите на Хафтер во градот Герјан

Velid Abdullah, Zeynep Tüfekçi  | 22.05.2019 - Обновена : 23.05.2019
Либија: Владините сили ги нападнаа положбите на силите на Хафтер

Libyan

ТРИПОЛИ (АА) - Силите при Владата на национално единство на Либија (УМХ) извршија воздушни напади на позициите во градот Герјан на силите на Халифа Хафтер, лидерот на вооружените сили во источниот дел на земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на силите на УМХ, Мухамед Кануну, писмено соопшти дека воените авиони при УМХ извршиле шест воздушни напади врз местата во кои се позиционирани силите на Хафтер во градот Герјан.

Во соопштението се нагласува дека цел на нападите бил транспортот на муниција и опрема на силите на Хафтер.

Силите на Хафтер сè уште не дадоа изјава во врска со овие напади.

Од друга страна, се вели дека настанал судир со тешко оружје меѓу страните во јужниот дел на либискиот главен град, Триполи.

- Судири во Либија

Генералот Халифа Хафтер на 4 април дал наредба за напад, со цел да ја преземе контролата врз Триполи, а во исто време силите на УМХ ја започнаа операцијата наречена „Буркан ел Гадаб“ („Burkan el-Gadab“).

Судирите меѓу силите на УМХ, кои се меѓународно признати, и силите на Хафтер траат околу 1,5 месец.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın