Zehra Ulucak
22 Мај 2019•Ажурирај: 23 Мај 2019
РИО ДЕ ЖАНЕИРО
Полицијата го неутрализираше мажот кој со нож ја уби својата девојка во нејзиниот дом, по што заминал во црква, каде што со огнено оружје убил најмалку три лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Властите соопштија дека лицето Рудсон Арагаун Гимараинш во подрачјето Паракату на бразилската сојузна држава Минас Жераис, прво со нож ја убило својата девојка, а подоцна заминало во црква, каде што пукајќи наоколу со огнено оружје, убило 3 лица.
Властите информираа дека воената полиција успеала да го неутрализира Гимараинш, додавајќи дека 39-годишниот напаѓач, кој е пренесен во болница, се наоѓа во тешка состојба.
За време на нападот, во црквата имало околу 20 лица.
Засега не се познати причините за нападот, но властите соопштија дека претходно, поради „проблеми со однесувањето“, Гимараинш бил исклучен од црквата.