Mücahit Aydemir
26 Април 2021•Ажурирај: 26 Април 2021
ТРИПОЛИ (АА) - Либискиот премиер, Абдул Хамид Дбеибе, ја откажа денешната посетата на Бенгази, поради блокадата од милицијата на водачот на нелегитимните сили од истокот на земјата, Калифа Хафтар, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според дописникот на АА, премиерот Дбеибе ја откажал посетата на Бенгази, откако милициите на Хафтар го затвориле аеродромот „Бенина“ во Бенгази.
Се очекуваше Дбеибе во Бенгази да го одржи состанокот на Владата, да посети некои институции и региони и да ја испита ситуацијата на местата каде што имаше Граѓанска војна.
Во рамките на Либискиот форум за политички дијалог, што беше свикан во Швајцарија на 5 февруари под водство на Обединетите нации, Мохамед Јунес Менфи е избран за претседател на привремениот Претседателски совет на Либија, а Абдул Хамид Мохамед Дбеибе за премиер.