Ekip,Ali H. M. Abo Rezeg
05 Јуни 2020•Ажурирај: 05 Јуни 2020
ТРИПОЛИ
Либиската армија денеска го ослободи стратешкиот град Тархуна од милициите на воениот лидер Калифа Хафтар, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Нашите сили го расчистуваат градот бидејќи не постои отпор од милициите на Хафтар по нивното повлекување од таму“, изјави Мустафа ал Маџеи, портпаролот на операцијата „Вулкан на гневот“.
Ал Маџеи додаде дека „по расчистувањето на Тархуна, ќе ја активираат Дирекцијата за национална безбедност во градот, заедно со другите тамошни безбедносни служби“.
„Ова ќе се изврши во соработка со Министерството за внатрешни работи“, нагласи тој.
Тархуна беше главна фокусна точка за снабдувачките линии за милициите на Хафтар од воздушната база „Ал Џуфра“.
Либиската армија вчера објави дека целосно го ослободила Триполи и дека силите се движат движат кон Тархуна за негово ослободување, последното упориште на Хафтар во западна Либија.
Силите на Владата на национално единство на Либија на 27 март ја започнаа операцијата „Бура на мирот“, како одговор на нападите на милициите на Хафтар.
Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година кога од власта беше соборен и убиен Муамер ал Гадафи. Владата на национално единство на Либија со седиште во Триполи има поддршка од ОН и меѓународните заедници, додека Хафтар од Тобрук ги предводи нелегитимните сили кои главно се поддржани од Египет и Обединетите Арапски Емирати.