свет

САД: Протестите поради смртта на Џорџ Флојд продолжуваат 10. ден по ред

- Вчера повторно се одржаа протести во неколку американски градови, кои претежно беа мирни, за разлика од претходните, кои се претворија во насилство

Servet Günerigök  | 05.06.2020 - Обновена : 06.06.2020
САД: Протестите поради смртта на Џорџ Флојд продолжуваат 10. ден по ред

ВАШИНГТОН

Десетти ден по ред продолжуваат протестите поради смртта на Џорџ Флојд, невооружениот Афроамериканец кој минатата седмица почина за време на апсење, во Минеаполис, државата Минесота, откако бел полицаец го собори и неколку минути го држеше своето колено на неговиот врат, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Вчера повторно се одржаа протести во неколку американски градови, кои претежно беа мирни, за разлика од претходните, кои се претворија во насилство.

Во главниот град Вашингтон стотици луѓе веќе седми ден по ред се собираат во паркот Лафајет преку патот од Белата куќа. Централната точка на повеќедневните протести беше ослободена од воено присуство, а демонстрантите беа одвоени со висока метална ограда подигната пред неколку дена.

Демонстрантите извикуваа „Животите на црномурните луѓе се важни“, „Нема правда, нема мир“, „Раце горе, не пукај“.

Неколку градови, меѓу кои и Вашингтон и Лос Анџелес, го укинаа полицискиот час, кој беше воведен поради грабежите и палењето имоти за време на протестите.

Илјадници лиѓе маршираа преку мостот „Бруклин“ во Њујорк, по комеморацијата на Флојд.

Имено, стотици ожалостени вчера присуствувале на првата од неколкуте планирани комеморации, која беше одржана во Универзитетот „Норт Централ“ во Минеаполис. На комеморацијата присуствуваше семејството на Флојд и Бен Крамп, адвокат за граѓански права кој го застапува семејството, како и многу познати личности.

Масовните собири се одржани, меѓу останатото, и во Атланта, Лос Анџелес, Калифорнија и Портланд.

Афроамериканецот Џорџ Флојд (46) беше уапсен на 25 мај во Минеаполис, откако наводно се обидел да користи фалсификувана банкнота од 20 долари во локална продавница. Видеоснимките од бруталното приведување на кои се гледа како полицајците му ставаат лисици и го спуштаат на земја, а едниот од нив го притиска коленото врз вратот на Флојд, беа објавени на социјалните мрежи. Полицајците тврдеа дека тој се спротивставил на приведувањето.

И покрај тоа што Флојд во неколку наврати кажува дека не може да дише, полицаецот не го крева коленото од неговиот врат. Набргу потоа Флојд ја губи свеста, но полицаецот ја задржува истата положба врз жртвата. Флојд починал набргу откако бил пренесен во болница.

Неговите последни зборови „Не можам да дишам“ станаа слоган на протестите низ државата.

Со независна аутопсија вчера беше соопштено дека Флојд починал од задушување поради континуиран притисок.

Смртта на Флојд предизвика бран протести против полициската бруталност и расната дискриминација, што ескалираа во насилство во многу американски градови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın