Gülşen Topçu
09 Декември 2020•Ажурирај: 09 Декември 2020
ТРИПОЛИ
Либиската Војска соопшти дека се посветени на примирјето и покрај прекршувањата од милициите на Калифа Хафтар, лидер на илегалните вооружени сили во источниот дел на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на либиската Војска, Мухамед Кунуну, преку социјалната мрежа Твитер нагласи дека местото на тие што вршат злосторство против Либијците е на суд, а не на преговарачка маса.
„Либиската Војска е посветена на примирјето предводено од страна на Обединетите нации (ОН). Но, милициите на Хафтар најмалку 8 пати го прекршија примирјето во Сирт, и сè уште продолжуваат со трансфер на платени војници и со формирање воени кампови“, рече Кунуну.
Тој истакна дека нема да прифатат ниту едно решение во кое се спомнува името на, како што рече, воениот злосторник Хафтар.