Enes Canlı
06 Јуни 2020•Ажурирај: 06 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Либиската Армија соопшти дека започнала нова операција наречена „Патеки на победата“ за да ги освои крајбрежниот град Сирте, воздухопловната база „Куфра“ и околните области од милицијата поврзана со Калифа Хафтар, водачот на илегалните вооружени сили на истокот од земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писмената изјава дадена од прес-службата на Одделот за заеднички операции „Сирте-Куфра“, либиската Армија ја започнала операцијата „Патеки на победата“ за да ги освои крајбрежниот град Сирте, што се наоѓа на 450 километри од главниот град, областа Вишке, воздухопловната база „Куфра“ и околните области од милициите на Калифа Хафтар.
Официјалниот портпарол на либиската Армија, полковник Мухамед Кунуну, исто така, соопшти дека се реализирани 5 воздушни операции против силите на Хафтар околу градот Сирте.
Кунуну ја повика милицијата на Хафтар да го положи оружјето и да се предаде за да биде изнесена пред лицето на правдата.
Тој посочи дека на единиците на либиската Армија им било укажано да го расчистат Сирте од милицијата на Хафтар.
Либиската Армија вчера преку писмено соопштение истакна дека „милицијата и платениците во голема паника избегале од градот“.
Либиската Армија, која има последователни успеси против милицијата на Хафтар, неодамна ја презеде контролата врз меѓународниот аеродром „Триполи“, а потоа и врз целиот град Триполи.