Yusuf Özcan
06 Јуни 2020•Ажурирај: 07 Јуни 2020
ПАРИЗ (АА) - Франција објави дека во операција во Мали убиен е Абделмалек Друкдел, водачот на терористичката група Ал-Каеда Магреб, која делува во северозападна Африка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Француската министерка за одбрана, Флоренс Парли, преку социјалните мрежи порача дека францускиот претседател Емануел Макрон и лидерите на земјите од групата Г5 Сахел (G5S) се одлучни во борбата против тероризмот во регионот Сахел.
Парли наведе дека Друкдел и нему блиски луѓе се убиени во операцијата со поддршка на француските партнери, спроведена во северниот дел на Мали на 3 јуни.
Таа нагласи дека борбата против тероризмот продолжува.