Ali Cura
06 Јуни 2020•Ажурирај: 06 Јуни 2020
МОСКВА (АА) – Во Русија се дијагностицирани над 458.689 лица позитивни на новиот тип коронавирус, Ковид-19, додека од вирусот починаа 5.725, јавува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за контрола и превенции на инфекциите од коронавирусот во Русија соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 197 лица, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 5.725.
Во земјата во последните 24 часа Ковид-19 е евидентиран кај 8.855 лица, со што вкупната бројка се искачи на 458.689.
Бројот на оздравени лица од Ковид-19 се искачи на 221.388, со зголемување од 8.708 лица во текот на последното деноноќие.
Центарот информира дека зголемувањето на бројот на детектирани лица позитивни на вирусот на дневно ниво изнесува 2 %, при што кај 36,9 отсто од новодетектираните не се забележани симптоми.
Во последните 24 часа во Москва детектирани се 1.992 лица позитивни на тестот за коронавирус, со што вкупниот број на заразени во главниот град се зголеми на 193.061.
Во истиот период регистрирани се нови 58 смртни случаи, со што вкупниот број на починати во Москва се искачи на 2.864.
Службата за заштита на човековото здравје и правата на потрошувачите во Русија објави дека во последните 24 часа се извршени 335.000 тестирања за Ковид-19, а вкупниот број на тестирања во земјата се искачил на 12.300.000.
Во соопштението исто така се наведува дека 314.000 лица се наоѓаат под надзор.