Mücahit Aydemir
12 Мај 2020•Ажурирај: 12 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Воздухопловните сили на либиската Армија уништија 2 цистерни што носеа гориво на милицијата поврзана со пучистот Калифа Хафтар, водачот на илегалните вооружени сили на истокот на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на либиската Армија, потполковник Мухамед Кунуну, во соопштението истакнува дека во областа Шувејриф уништени се две цистерни, што носеле гориво за милицијата на Хафтар, кој го напаѓа главниот град Триполи.
Кануну, потсетувајќи на предупредувањето на либиската Армија, нагласи: „Потсетуваме дека во западните и централните области на земјата, што се прогласени за воена зона, забрането е неовластено поминување на воени возила, камиони и цистерни.“
Либиската Армија на 25 март ја започна операцијата „Бура на мирот“, а на 13 април од милициите на Хафтар беа заземени 7 области и еден град западно од Триполи.