Enes Canlı
18 Мај 2020•Ажурирај: 18 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Воздухопловните сили на либиската Армија го уништија и третиот руски систем за противвоздушна одбрана „Панцир“ на милицијата поврзана со пучистот Калифа Хафтар, водачот на илегалните вооружени сили на истокот на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на либиската Армија, потполковник Мухамед Кунуну, во писменото соопштение наведе дека либиските воздушни елементи уништиле руски систем за воздушна одбрана од типот „Панцир“ и електронски блокатор на сигнали, што им припаѓаат на милицијата на Хафтар, на југот на градот Сирт.
Според тоа, воено-вооружените беспилотни летала во изминатите 48 часа го уништија и третиот воздушен одбранбен систем што Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) го обезбедија за милицијата на Хафтар.
Претходно беше соопштено дека двата системи за противвоздушна одбрана, кои беа испратени во воената воздушна база „Ватија“, окупирана од милициите на Хафтар, беа погодени од воените единици на либиската Армија.