Zehra Ulucak
18 Мај 2020•Ажурирај: 19 Мај 2020
АНКАРА (АА) – Во Бразил во последните 24 часа од новиот вид коронавирус, Ковид-19, починаа уште 485 луѓе, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата на бразилското Министерство за здравство, бројот на починати се искачил на 16.118, со зголемување од 485 луѓе во последните 24 часа.
Покрај тоа, бројот на случаи во земјата се зголеми за 7.938 во последното деноноќие, со што вкупната бројка во земјата порасна на 241.080.
Според веб-страницата „Worldmeter“, Бразил е рангиран на петтото место во светот во однос на бројот на регистрирани случаи со Ковид-19.