Abdelrahman Fathy Ramadan Mohamed,Hamdi Yıldız
27 Април 2021•Ажурирај: 28 Април 2021
ТРИПОЛИ
Либиската Армија соопшти дека е забележана раздвиженост во вооружениот конвој на Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните сили на истокот на земјата, во регионот Шувејриф на југоистокот од Триполи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од прес-службата на либиската операција „Вулкан на гневот“, објавено на социјалните мрежи, се истакнува: „Забележано е дека вооружениот конвој на воениот злосторник Хафтар, поддржан од руски платеници, започна да се движи на истокот на регионот Шувејриф.“
Во изјавата се наведува дека вооружениот конвој се состои од 63 возила, 3 камиони натоварени со муниција и два руски система за противвоздушна одбрана „Панцир С1“, кои се превезувани со транспортно возило од германско производство.
Меѓу другото, се истакнува дека раздвиженоста е во спротивност со договорот потпишан меѓу либиската Влада и делегациите поврзани со Хафтар како резултат на состаноците 5 + 5 на Заедничкиот воен комитет, што се одржаа во Женева, Швајцарија, од 19 до 23 октомври 2020 година.