Sayed Khodaiberdi Sadat
27 Април 2021•Ажурирај: 28 Април 2021
КАБУЛ
Најмалку седум лица загинаа во сообраќајна несреќа којашто се случи во Кабул, главниот град на Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Авганистан, Тарик Арјен соопшти дека во несреќата учествувале два патнички автобуси.
Тој изјави дека во несреќата загинале седум лица, додека 70 биле повредени, додавајќи дека меѓу загинатите и повредените има и жени и деца.
Арјен изјави дека причината за несреќата била невнимание на возачот.
Во сообраќајната несреќа која се случи на 23 април во авганистанската покраина Забул, загинаа 14, а повредени сбеа 12 лица.