Enes Canlı
20 Мај 2020•Ажурирај: 20 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Либиската Армија соопшти дека денес уништила 5 руски системи за противвоздушна одбрана на милицијата на Калифа Хафтар, испорачани од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на прес-центарот на операцијата „Вулкан на гневот“, што ја води либиската Влада на национално единство, е наведено дека артилериските единици на либиската Армија во областа Сук ел-Ехад, на југоистокот на главниот град Триполи, уништиле 5 руски системи за противвоздушна одбрана „Панцир“, кои припаѓаат на милицијата на Хафтар.
Во соопштението се вели дека во последните 24 часа вооружените беспилотни летала и артилериски единици поврзани со либиската Армија неутрализирале вкупно 5 системи за противвоздушна одбрана „Панцир“, и тоа 3 во Терхуне, еден во регионот Вишке и еден на југот на главниот град.
Либиската Армија, која од неодамна има многу успеси против милициите на Хафтар на бојното поле, пред неколку дена ја ослободи стратешката воена база „Ватија“ во западниот дел на земјата.
Паралелно со воените успеси, некои градови во западниот дел на Либија соопштија дека се со либиската Влада во борбата против милициите на Хафтар.