Hasan Esen
20 Мај 2020•Ажурирај: 21 Мај 2020
ЛОНДОН (АА) – Во Велика Британија во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19 починаа 363 лица, со што вкупниот број на починати достигна 35.704, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за култура, Оливер Дауден, на дневната прес-конференција истакна дека во последните 24 часа од Ковид-19 во болниците, старечките домови и од своите домови починале вкупно 363 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи во земјата е зголемена на 35.704.
Во последните 24 часа се откриени уште 2.472 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на откриени случаи во земјата се зголеми на 248.293.
Исто така, во последните 24 часа во земјата се направени 177.216 тестирања за Ковид-19, а бројот вкупно извршени тестирања во земјата се зголеми на 2.962.277.
Во меѓувреме, министерот за култура, Дауден рече дека досега се собрани 800 милиони фунти во кампањи за помош реализирани од различни институции.
Изјавувајќи дека отсуството на спортски и уметнички активности доведуваат до „доста чудни“ чувства во земјата, Дауден рече дека формирана е една нова работна група, во која се вклучени и познати имиња, за да се помогне на спортската и уметничката индустрија повторно да се подигне.
Велика Британија, по бројот на смртни случаи од Ковид-19 се најде на второто место во светот, по САД, а на прво место во Европа.