Yusuf Özcan
20 Мај 2020•Ажурирај: 21 Мај 2020
ПАРИЗ (АА) - Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус, Ковид-19, во Франција се искачи на 28.132 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Франција, во последните 24 часа во земјата евидентирани се 418 случаи со коронавирусот, со што вкупната бројка на заразени се искачи на 216.944.
Во болниците се лекуваат 17.941 лице, од кои 1.794 се наоѓаат на интензивна нега.
Бројот на пациенти на интензивната нега се намалува континуирано веќе 42 дена.
Од Ковид-19 се излекувани уште 791 лица, со што вкупната бројка на излекувани од овој вирус во земјата се искачи на 63.354.
Во последните 24 часа во болниците и домовите за стари лица од Ковид-19 починале 110 лица, додека вкупниот број на починати во земјата како последица на овој вирус се искачи на 28.132. Од нив 17.812 лица починале во болница, додека 10.320 во домовите за стари лица.
Од друга страна, според информациите во медиумите, персоналот на Министерството за образование, кои придонеле во борбата против епидемијата, ќе добијат премија до 1000 евра.