Barış Seçkin
20 Мај 2020•Ажурирај: 21 Мај 2020
РИМ (АА) – Во Италија во последните 24 часа како последица на вирусот Ковид-19 починаа 161 лице, вкупно 32.330, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Цивилната заштита на Италија ги соопшти најновите податоци за епидемиолошката ситуација со вирусот во земјата.
Во сооопштението се наведува дека бројот на активни случаи моментално изнесува 62.752, додека досега заразени се вкупно 227.364 лица.
Во текот на последното деноноќие регистрирани се 2.881 оздравени пациенти, вкупно 132.282.
Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Италија се искачи на 32.330, со зголемување од 161 во последните 24 часа.
Продолжува трендот на пад на бројот на пациенти сместени на одделите за интензивна нега, па нивниот број денес е намален од вчерашните 716 на 676.
Податоците на Цивилната заштита покажуваат дека во земјата до денес се извршени 3.171.719 тестирања на Ковид-19.
Во меѓувреме, премиерот Џузепе Конте предупреди дека не е вистинско време младите да се собираат и да се забавуваат затоа што тоа може да придонесе вирусот да се прошири.
Министерката за транспорт и инфраструктура, Паола Де Микели, во Парламентот рече дека од 3 јуни ќе се укине ограничувањето за меѓурегионални патувања и дека сите аеродроми во земјата ќе бидат отворени.