Beyza Binnur Dönmez
20 Мај 2020•Ажурирај: 20 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Од новиот вид коронавиус, Ковид-19, во светот починаа над 325.000 луѓе, покажуваат најновите податоци на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на смртни случаи изнесува вкупно 325.650, додека бројот на заболени и на излекувани од вирусот изнесува 4.947.929, односно 1.719.406.
Соединетите Американски Држави (САД) се најтешко погодена земја во светот од пандемијата на коронавирусот, со над 1,5 милиони дијагностицирани случаи и речиси 92.600 смртни случаи.
Велика Британија е на второ место по бројот на смртни случаи со 35.785, по која следи Италија со 32.330.
Во Кина, каде што вирусот се појави за првпат, има регистрирано над 84.000 случаи и 79.310 излекувани од вирусот. Во земјата нема ниту еден смртен случај од Ковид-19 од почетокот на мај, а билансот на починати изнесува 4.638. Едвај променливите бројки продолжуваат да се енигма во и надвор од Кина.
Вирусот се прошири во 188 земји во светот, откако за првпат се појави во Кина во декември.
И покрај понатамошниот раст на бројот на заразени со вирусот, поголемиот број заразени искусуваат само благи симптоми пред да оздрават.