Ali Cura
06 Ноември 2018•Ажурирај: 06 Ноември 2018
МОСКВА (АА) - Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е рационална личност која сака да ги развива односите со Русија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во интервјуто за шпанскиот весник „El Pais“ (Ел Паис), Лавров истакна дека Трамп во неколку наврати истакнувал дека е подготвен да ги развива односите со официјална Москва.
„Иако за него интересите на САД се на прво место, сепак разбира дека за Американците е покорисна стабилна и предвидлива соработка со Русија, наместо водење траен конфликт“, изјави Лавров.
На прашањето за односите на Русија и Израел во Сирија, тој истакна дека израелската страна понекогаш не ги извршува своите обврски во врска со праќање предупредувања на руската војска за време на воените операции.
Тој потсети дека руските војници во март минатата година се нашле во животна опасност кога израелските авиони ја бомбардирале Палмира и додаде дека Русија го предупредила Израел дека таквите акции можат да предизвикаат трагични последици.
Тој нагласи дека и покрај предупредувањата, израелската војска и понатаму продолжува со воздушни напади.