Mohammad Farid Mahmoud Abdullah,Zeynep Hilal Karyağdı
06 Ноември 2018•Ажурирај: 06 Ноември 2018
ДОХА (AA) - Катарскиот емир, шеик Темим бин Хамед ал Тани, истакна дека во голема мера успеале да ги надминат негативните ефекти на блокадата спроведена против неговата земја, и дека покрај пречките, нивниот извоз во 2017 година се зголемил за 18 отсто во споредба со претходната година, јавува Anadolu Agency (AA).
Ал Тани во својот говор за време на Советодавниот совет, се осврна на блокадата применета против Катар од страна на некои арапски земји, почнувајќи од јуни 2017 година, и рече: „Успеавме да ги надминеме негативните ефекти на блокадата“.
„Покрај пречките, нашиот извоз во 2017 година се зголеми за 18 отсто во споредба со претходната година“, нагласи тој, додавајќи дека неговата земја преку Катарската централна банка успеала да ја заштити локалната парична единица против странските девизи.
Тој рече дека катарската економија е зајакната против надворешните потреси.
„Влошувањето на односите на Заливот ја ослабуваат нашата моќ во решавање на регионалните проблеми. Безбедноста и стабилноста на нашите земји не може да се постигне преку нанесување штета на нивниот суверенитет“, истакна ал Тани, осврнувајќи се на односите меѓу земјите на Заливот.
Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати (ОАЕ), Бахреин и Египет, на 5 јуни 2017 година ги прекинаа сите дипломатски односи со Катар, и применија економска блокада против оваа земја, а тоа предизвика криза на Заливот.