Ekipa
08 Јануари 2021•Ажурирај: 11 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) од утре повторно ги отвораат своите копнени, воздушни и поморски граници со Катар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението цитирано од новинската државна агенција на ОАЕ, ВАМ, потсекретарот на Министерството за надворешни работи, Халид Абдулах Белоул, изјави дека неговата земја ќе стави крај на сите мерки преземени против Катар во согласност со договорот во Ал Ула.
Белоул изјави дека сите други прашања со Катар, ОАЕ ќе ги решат преку билатерални разговори.
Во вторникот, градот Ал Ула во северозападниот дел на Саудиска Арабија беше домаќин на 41. Самит на Заливот, на кој беше најавен крај на заливската криза која продолжува од 2017 година меѓу Катар и Саудиска Арабија, Емиратите, Бахреин и Египет.
Во текот на периодот на кризата, Кувајт посредуваше меѓу страните кои неодамна постигнаа важен чекор со отворање на границите меѓу Саудиска Арабија и Катар.